Вкусниот, сладок грашок е омилена храна без разлика дали е млад и свеж, или замрзнат во најдобриот момент на зрелост и хранлива вредност.

Доколку барате начин да ги држите маснотиите во крвта под контрола, ви го откриваме зеленчукот што можете да го додадете во вашата секојдневна исхрана, а кој позитивно влијае на холестеролот !

Грав
Богат е со протеини, поради што е одлична замена за месото, доколку барате храна која е заситена и здрава. Една од омилените намирници на Македонците содржи и минерали, цинк и витамини, а одлична е и за холестерол. Една група луѓе мора да внимава бидејќи гравот не е добар за нивниот стомак. Доволно е да јадете само сто грама дневно, за да го почувствувате ефектот!

Грашок

Вкусниот, сладок грашок е омилена храна без разлика дали е млад и свеж, или замрзнат во најдобриот момент на зрелост и хранлива вредност.

Грашокот содржи голема количина на протеини, но нема штетни заситени масти, поради што е одличен за здравјето. Содржи и влакна кои се важни за силен имунитет и дигестивниот систем.

Леќa

Евтина и прилагодлива на речиси секој рецепт и вкус, леќата е одличен извор на протеини и влакна. Го намалува холестеролот, го стимулира варењето на мастите, па дури и го намалува апетитот. Леќата е одлична храна за холестеролот, а помага и слабеењето бидејќи скробот во неа испраќа „сигнал“ до цревата и мозокот дека повеќе не сме гладни.

error: Content is protected !!