Една од омилените плажи во Грција ова лето ќе биде затворена за туристите.

Навагио на островот Закинтос, летово ќе биде затворена за капачи и туристи, поради страв од одрони. Тим експерти од Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита (ОАСП), по посетата на локацијата на 8 март препорача затворање.

Плажата Навагио на островот Закинтос е затворена за локалното население и посетителите од септември лани, откако земјотресот со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала предизвика големи камења од околните карпи да паднат во заливот.

Безбедноста на плажите ќе се преоценува двапати годишно. Плажата ја посетуваа милиони туристи.

error: Content is protected !!