Таа веднаш стапила во контакт со надлежната служба за контрола на животни




Кога Австријката од Натернбах кај Линц го распакувала куферот по пристигнувањето дома од одмор во Хрватска, внатре затекнала непријатно изненадување.




Имено, во него пронашла 18 скорпии, објавија локалните медиуми.




Таа веднаш стапила во контакт со контролата на животните, која ја објавила приказната на Фејсбук.




– Попладнево нè контактираше една госпоѓа од Натернбах бидејќи во нејзиниот багаж на пат во Хрватска тие биле слепи патници. Поточно, тие се скорпии со младенчиња. Животните се обезбедени и предадени кај нас и моментално се во прифатилиштето за животни во Линц додека не можат да се вратат дома, објавија на Фејсбук минатата сабота со фотографија од животните во куферот.




Инаку, британски Мирор претходно напиша дека и една жена од Линц на крајот на јуни по враќањето од Хрватска пронашла скорпија во својот стан, но тоа го забележала дури по три недели.




Велат дека скорпии кои биле донесени од Јадранот во Горна Австрија веќе три пати биле пријавени.
