Точно пет години таа доаѓаше и слушаше како Освалд сигнализираше дека возот се приближува




Приказната за д-р Маргарет МекКолум ги разнежни и најтврдите срца бидејќи приказната за нејзината голема љубов одекнуваше многу подалеку од звуците што се слушаа во станицата на метрото што таа ја посетуваше секој ден.




Маргарет и нејзиниот сопруг Освалд можеа слободно да кажат дека се најсреќниот пар во Лондон бидејќи кога дошол моментот да се разделат, еден од нив не бил подготвен да се збогува.




Додека таа изгради кариера како општ лекар, Освалд професионално се етаблира како актер кој го позајмува гласот за реклами. Иако не успеал да направи кариера во Холивуд, редовните посетители на лондонската подземна станица „Ембаркмент“ секој ден можеле да го слушаат неговиот глас, што би им сигнализирало дека воз се приближува до станицата.




По неговата смрт во 2007 година, скршената Маргарет секој ден стоеше на постојката Ембаркмент само за да го слушне гласот на нејзиниот покоен сопруг. Точно пет години таа доаѓаше и слушаше како Освалд сигнализираше дека возот се приближува.
