Политиката на ВМРО-ДПМНЕ на сеење страв, омраза, безнадежност и кавга со сите, не може и нема да добие поддршка од граѓаните.
Ние го докажавме патриотизмот со тоа што ја внесовме нашата држава во НАТО и со тоа што го заштитивме македонскиот јазик и идентитет. Тоа е црвената линија за која не се преговара.
Разговорите со соседна Бугарија ќе продолжат, затоа што темните страници од балканската и европската историја не треба да бидат пречка за иднината. Гледаме напред, кон Европа, тоа е единствениот пат кон нашето подобро утре. Само така е европски, само така е македонски.
До крајот на емисијата, од мојот соговорник Јанушев, за жал, не добив одговор на три прашања:
Зошто Мицкоски се крие веќе петти ден по ред за да (до)каже што стана со наводното распарчување на македонската држава, односно кој и каде го направил тоа?
Зошто ВМРО-ДПМНЕ побегна од изборно соочување во Штип? Како Јанушев лично успеа со една плата да го стекне тоа што самиот го пријавил во Анкетниот лист, односно четири стана во Скопје, куќа во Охрид, луксузен автомобил Лексус и џип Нисан?
ФБ статус на Андреј Жерновски
