Мишел од Палмдејл, Калифорнија стана вирална кон крајот на минатата година, откако објави видео на Фејсбук на кое ги покажува нејзините стаорци како се капат во мијалникот.

Кога станува збор за домашни миленици, некои луѓе сакаат кученце, додека други претпочитаат малку понеобичен пријател, како што е гуштер или тарантула. Но, постојат избори кои се особено егзотични, како што е Мишел Рејбон (51), која е горда сопственичка на дури 50 стаорци.

Таа уште во 2018 година ги примила првите неколку стаорци во куќата, а денес има цела колонија – 25 женки и 25 мажјаци.

Откако донела голи стаорци, Елвис и Чак, во нејзиниот дом, како и две раси прекриени со крзно, Луси и Етел, на мајката на две деца толку многу и се допаднало што продолжила да се грижи.

Американката Мишел стана популарна на крајот на минатата година, кога на Фејсбук објави видео на кое се гледа како нејзините стаорци се капат во мијалникот, а видеото го погледнале над 350.000 луѓе.
– Тие се мои бебиња, не можат ништо лошо да направат – објаснила таа.

– Секој од нив има свој карактер, па неколку стаорци се издвојуваат повеќе од другите. Тие се многу дружељубиви и кога ќе им ја извадите храната, сите трчаат – рекла таа.

„Ги добив од одгледувач во Тексас, а кога се преселив во Калифорнија, тука немаше одгледувачи на стаорци“, рече таа.

– Имам толку многу бидејќи ги одгледав и ги продадов на луѓе кои сакаат стаорци. Тогаш престанав да ги продавам и сега ми се миленици, затоа имам толку многу. Имам многу од нив! – таа рече.

Кога познаниците ја посетуваат, тие често се шокирани од бројот на стаорци што ги среќаваат, но Мишел тврди дека нејзините бебиња најчесто ги воодушевуваат пријателите.

error: Content is protected !!