Нејзината одлука не е донесена набрзина, има добра причина за тоа и наиде на разбирање кај луѓето

Големо внимание и полемики на социјалните мрежи предизвика приказната за една баба од Кина која во тестаментот им го оставила целиот имот на своите миленици . Оваа необична одлука на старицата од Шангај, чие богатство се проценуваше на околу 2,5 милиони евра, не беше сфатена лесно и имаше свои јасни причини.

Причина за исклучување на децата од тестаментот

Г-ѓа Лиу, сопственичка на големо богатство, првично имала намера да остави се што поседува на своите деца. Меѓутоа, со текот на годините, нејзиниот однос со децата се влоши, што на крајот доведе до промена во нејзината волја. Имено, кога на баба Лиу и се слошило, ниту едно од нејзините три деца не ја посетило и не покажало интерес за нејзината здравствена состојба.

„Кога ми се слоши и останав во кревет, ми рекоа дека сум им товар и цел живот го вложив во тие деца. Сега поминаа неколку месеци, не се ни сеќаваат на бројот да ми се јават.

Освен што биле физички оддалечени од нив, децата ретко покажувале дури и основна грижа, ретко и се јавувале или се распрашувале за нејзиното здравје. Чувствувајќи се запоставена и емотивно повредена, баба Лиу реши да ги префрли своите средства на оние кои и беа најблиски во нејзините најтешки моменти – нејзините миленици.

Одлука која предизвика внимание

Иако Лиу сакала да ги остави парите директно на своите мачки и кучиња, законската рамка во Кина не дозволува таков тестамент. Поради тоа, таа донела одлука имотот да го префрли на локална ветеринарна амбуланта со строг услов средствата да бидат наменети за нега на нејзините миленици и нивните потомци. Оваа одлука предизвика бура од коментари на социјалните мрежи. Многумина изразија разбирање за нејзината одлука, додека други коментираа колку сигурно била повредена што направила таков потег.

„Ова беше очајнички потег на жена која се чувствуваше изневерена од најблиските“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. Други и дадоа поддршка, велејќи: „Ако моите деца не ме почитуваат и не се грижат за мене, јас ќе го направам истото!“