Стар обичај за привлекување пари – не треба да купувате статуи од мачка, жаба или Буда! Кинезите веруваат дека зелениот конец носи среќа ако се носи вака.

Многумина веќе знаат за бројни кинески симболи кои привлекуваат пари – статуа на Буда, златна жаба која седи на пари и мачка која мавта и носи богатство. Веројатно и вие имате некои од овие украсни елементи, но постои уште еден интересен обичај што Кинезите го практикуваат за да го зголемат домашниот буџет.

За него не треба да вложувате во нови ситници, туку само парче нишка и добра волја да го повторувате ритуалот еден месец.

Потребно е конецот да биде зелен (може да биде и волнен или хеклан конец) и пет пати да го завиткате во насока на стрелките на часовникот околу малиот прст. Правило е мажите да го обвиткуваат конецот околу прстот на левата рака, а жените на десната.

Краевите врзете ги во јазол. Ако врвот падне во текот на денот, само завиткајте го повторно. Практикувајте го овој ритуал секој ден во следниот месец и парите едноставно ќе ви се „лепат“!

Овој обичај се практикува во кинеската провинција Гуангдонг, каде што велат дека секогаш носи среќа.

error: Content is protected !!