И новите огласи на салоните говорат дека се добро платени, а добри се и работните места кои „ни ја отпуштаат главата“. За фризери и помошници фризери некои нудат плата од 75.000 денари плус процент.
Доколку мислите дека оваа понуда е прескапа, не заборавајте дека станува збор за работници, т.е. фризери кои поминуваат и до осум часа на нозе, како и дека секој клиент има свои желби кои понекогаш се граничат со можности.
Дали вредат толку фризерските раце?
Цените на услугите за шишање варираат од 200 денари за машка фризура до неколку илјади за женска фризура. Сепак, треба да се земе предвид дека нашата земја е значително поевтина во однос на другите, бидејќи машката фризура во Германија обично чини околу 20 евра. Сепак, и тоа се промени.
Дури и оние кои не се робови на трендовите, туку само сакаат да бидат уредни, трошат многу на овие услуги. Затоа фризерите заработуваат по неколку илјади евра, салоните се секогаш полни, а понекогаш да најдеш термин е како да бараш игла во стог сено. Основните инвестиции во фризерски салони не се неприфатливи, а платите се движат од 30.000 денари колку што добива почетник до просечно 60.000 денари. На некои места платата на фризер е 80.000 денари, а ако си сам свој шеф може да заработиш многу повеќе.
Неодамна, членовите на група на Фејсбук наведоа пет услуги чии цени беа речиси двојно зголемени . Видовите на услуги се различни – од одење на фризер до поправка на фрижидерот. Значи, најчесто се работи за занаетчиство, а еве што пишува во соопштението кога се во прашање платите на фризерите :
„Машката фризура беше 150-200, сега 400-500 денари. Монтирање клима 50-60 евра сега 120 евра. фарбање на кола беше 50-70 евра од дел сега од 150 нагоре. Монтирање керамика 7-10 евра/ м2, сега од 15 па нагоре.
