Што има лошо во федерализација ако народот сака федерализација, прашува новинарот и политичкиот аналитичар Сашо Ордановски во емисијата Само вистина на Канал 5.

Ордановски кој важи за близок на премиерот Заев а беше советник на сега осудената Катица Јанева, не знае дали Макеодонија е пред федерализација но вели дека ако сакаат граѓаните да има тогаш ќе има федерализација затоа што во македонскиот политички систем имало предвидени начини на кои може да се расправа за федерализација.

Ордановски не открива прецизно колку и кои граѓани се доволни за да започнат процесите за претворање на Македонија во федерација.

Ордановски кој е новинар по професија е еден од македонските граѓани кој доби рекордно брз безбедносен сертификат за пристап до тајни државни документи а неговиот брат доби грант од над 300 илјади евра за мерни инструменти кои според повеќе извори биле копирани од индиска компанија.