Доколку ви недостига инспирација за оброк кој ќе биде хранлив и во кој ќе уживате, тогаш сте на вистинското место.

Состојки:

  • половина праз
  • 4 јајца
  • една лажичка сув зачин
  • сол
  • малку масло
  • лажичка лук во прав
  • малку вода

Подготовка:

Најпрво малку загрејте ја тавата, а потоа додадете малку масло. Кога ќе се загрее, време е да ставите ситно сечкан праз.

Потоа испржете го празот малку да омекне, потоа додадете половина шолја вода и продолжете да го крчкате празот.

Кога водата ќе испари додадете ги претходно изматените 4 јајца и брзо измешајте за да не изгорите.

Подгответе зачини и додајте ги на тивок оган со сув зачин и лук во прав.

Добро измешајте и вашиот оброк е готов.

Наздравие и не заборавајте да споделите со нас слика од вашиот доручек во коментар!