Ангина пекторис носи висок ризик од срцев удар, но доколку е нестабилна, опасноста е уште поголема!

Срцев удар се јавува како резултат на недоволен проток на крв во срцето и често се случува ненадејно, со силна болка во градите, гадење и слабост.

Сепак, постојат знаци кои сугерираат дека пациентот е изложен на ризик од срцев удар. Некои од нив се забележуваат и неколку недели однапред. Тоа се притисок во градите, болка, стегање и непријатност кои се симптоми на ангина пекторис. Оваа срцева болест е поврзана со намален проток на крв во срцето и може да навести целосна исхемија.

Сепак, не сите пациенти се под еднаков ризик. Со помал ризик се оние кои страдаат од стабилна ангина пекторис, а се карактеризира со следните карактеристики:

се јавува во време кога срцето е изложено на поголем напор, на пример, човек се качува по скали или вежба,

симптомите се кратки – пет минути или помалку,

болката и непријатноста се секогаш слични и лесно се предвидуваат, а

тие исчезнуваат побрзо ако лицето мирува или зема лекови.

Нестабилна ангина пекторис е онаа во која симптомите се појавуваат ненадејно, дури и за време на одмор, и може да траат 30 минути или подолго.

Проблемите не стивнуваат ниту кога пациентот ја зема терапијата, а тогаш многу е можен инфаркт, па затоа е неопходно да се јавите на лекар.