Зоран Василевски во јавноста многу попознат како Зоки – Фаци… Прекар што го доби по насловот на некогаш неговата популарна ТВ емисија. Контроверзен по многу нешта, пред се’ по тоа што она што го има на ум, многу не му ја мисли јавно да го каже кога дава изјави или да „му го плесне“ в лице на соговорникот, кога води интервјуа и разговори.
Неговата сексуална определба со која со години наназад вешто кокетира исто така постојано е дискутабилна, а одвреме-навреме доаѓа во фокусот на јавноста откако ќе излезе некој муабет во чаршијата или новинарските кулоари за него, ќе осамне некоја фотографија или клипче на мобилните телефони…
За него може да зборуваaт се’ и сешто, но факт е едно нешто: Зоран Василевски – Фаци како естраден новинар е еден од оние кои најмногу ги познаваат работите, одлично си ја владеа професијата и секогаш кога ќе се впуштат во работа, таа е перфектно завршена.
Ви пренесуваме неогивa објави на Социјалните мрежи.
Лицемерие за пуста пара. Таа вика и тој и ја уништил косата, ќе го исплукала јавно, па јас држ не дај, да не пукне брука. Поминува време тие двајцата на стори. До кога бре?
За пуста пара си го газиме личниот идентитет. Секоја јавна личност има до себе полтрон што јаде и пие на нејзина слава, а не разбира дека животот му поминува во нејзина сенка, а луѓето се смеат и се смеат и се смеат.