Пратениците сложно изгласаа да се исплатат речиси три милиони евра за политилките партии, што беа скратени поради коронакризата. Со поддршка и од власта и од опозицијата, на Комисијата за политички систем помина Законот за финансирање на политичките партии.

Пратениците со консензус, без многу врева изгласаа поврат на парите за политичките партии што со уредба на 19 јуни Владата ги запре во вонредната состојба..Наместо целосен износ, се договориле сепак да земат 30 отсто помали суми од 2019 година.

На оваа одлука реагираа и другите политички субјекти во државата. Од Македонски концепт со обвинувања дека во ек на длабока економска криза со која се соочува нашата држава, партиите на нивните сметки ги префрлаат парите на граѓаните.

„Без ниту еден глас против, ниту воздржан, без ниту еден амандман во Собранието на РМ, донесена е одлука до крајот на годината партиите да си поделат 4 милиони евра државни пари. Пари од граѓаните.“ – вели Богојевски Петар.

Од ГДУ велат дека ваков политички консензус македонската политика не памети. Над 20 партии се во законодавниот дом, но ниту една не се спротистави, велат оттаму.

Од Левица пак реагираат дека нивните пратеници се единствените кои, на вчерашната собраниска седница, не гласале за измена и дополнување на Законот за финансирање политички партии.

-Сакаме да ја известиме јавноста дека пратениците на Левица се единствените кои, на вчерашната собраниска седница, не гласаа ЗА измена и дополнување на Законот за финансирање политички партии!

Со чекор и прашање понатаму отиде Бранимир Јовановиќ, кој прашува зошто Апасиев и Крмов не постапиле за овој закон идентично како со претходниот, кога поднесоа амандмани од типот да се има велигденско јајце за време на вклучување на онлајн седница и слично.

-А бе кај се Апасиев и Крмов да прават „филибастеринг“ за 3-те милиони евра народни пари за политичките партии?

Нешто не им текнуваат „смешни“ амандмани кога треба и тие да лапнат стотици илјади евра…

Ама добро, нека паднат маските… Нека видат сите убаво дека не им е гајле ниту за сиромашните, ниту за државата, него само за еврата на нивните сметки…