Пратеникот Драган Ковачки е избран за нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, одлучи Централниот комитет на партијата на седницата што се одржа вечерва.

Покрај изборот на генерален секретар, Централниот комитет го утврди и новиот состав на Извршниот комитет на партијата. За членови се избрани: Александар Николоски, Владо Мисајлоски, Гордана Димитриоска Кочоска, Тимчо Муцунски, Луке Галевски, Никола Мицевски, Антонио Милошоски, Дафина Стојановска, Рашела Мизрахи, Влатко Ѓорчев, Кирил Пецаков, Марија Андоновска, Ели Панова, Игор Јанушев, Марија Митева, Благоја Ташеминов, Орце Ѓорѓиевски, Онер Јакуповски, Драгана Бојковска, Синиша Стојановски, Стефан Андоновски, Филип Поповски и Бобан Николоски.

Од партијата информираат дека кон овој состав дополнително ќе се приклучат и новоизбраните претседатели на Унијата на жени и Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

За организационен секретар е именуван Ивица Томовски, додека шеф на кабинет на претседателот на партијата е Владимир Нелоски, кој истовремено ја извршува истата функција и во владиниот кабинет на премиерот.

Со овие одлуки, партијата го комплетира новиот оперативен тим во пресрет на следните политички активности и организациски процеси.