Илчо Мицевски има 50 години. Живее со својата стара мајка во село Истемник, Пасек, Делчевско. Животот до пред една деценија со семесјтвото го поминал во една соба во друо село. Откако одлучиле да ја купат земјата каде сега живеат и направиле скромно куќарче мислеле дека ќе започнат убав да живеат. Но, се јавил нов проблем. Им барале многу средства за приклучување на струјата, кои тие од пасење стока и минимална социјална помош не можеле да ја постигнат. Затоа повеќе од десет години живеат елементарно. Со газија, со ламба на соларни батерии, на свеќи… татко му починал, па тој останал сам со мајка си. И, таа е болна и неподвижна. Прикована за кревет Зависна од негата на Илче. Тој ја храни, негува, пресоблекува. Но, не се жали за ништо. Навикнат е на ваквиот тежок живот. Само ќе замоли да му се помогне да ја воведе струјата во домот за да може да продолжи почовечки и подостинствено да живее.

Илче Мицевски е роден во Истемник и со семејството, родителите уште двајца браќа и една сестра живееле во една соба зашто куќата на ридот била на уште шест негови чичковци. Се занимавале и живееле од стока. За жал, губи двајца од браќата, а сестрата се омажила во Кочани. Теснината и неудобноста, него и неговите родители пред десет години ги условуваат да купат земја и направат нова соба која барем е само нивна. Не мислеле дека следните години ќе се занимаваат со проблемот за приклучок на струја и дека токму немањето на струја ќе им го отежни и онака веќе тешкиот живот.

-Сиот живот го поминавме во една соба со семејството. Живеевме со одгледување стока и тешко функциониравме. Кончено собравме сила пред десет години и купивме земја за да направиме куќа и да се преселиме од ридот на селото. И, токму кога мислевме дека ќе започнеме среќно да живееме наидовме на нов проблем. Не можевме да приклучиме струја. Ми бараа 16000 евра за таа услуга, а јас не бев во можност да ги најдам тие пари-вели Илчо.

Влошување на животната состојба на Илчо започнува пред неколку години, кога татко му залегнува в постела и умира. А, лани во мракот една ноќ паѓа и неговата мајка за која сега тој се грижи. Илче во неговата скромна соба/дом готви, јаде, спие, се бања.. Не може да отиде на работа приватно да не и затреба нешто на мајка му. А, и тој уште од војска е болен и не може да работи тешка физичка работа. Посветеноста кон мајка си ќе направат тој да остане и неодомаќинет зашто ниедна жена не сака да дојде во дом без струја и да чува болна свекрва-ќе рече тој. Па затоа, замолува да му се помогне во исполнувањето на неговата најголема желба, да се воведе струја во домот и да продолжи да живее понормално.

-Влегував од проблем во проблем. Прво татко ми залегна и умре. Па, лани во мракот и мајка ми падна и сега е во пстела и зависна од мене. Се е на мене. Ниту можев да се оженам. Ниту да одам на подработам нешто за да доправам уште една соба. Се ми е собрано. Јас готвам, перам, ја хранам мајка ми и давам лекови. Се од нејзината пензија која ја наследи од мајка ми и од негата што ја земам. Да имавме струја мајка ми немаше да падне и да биде изложена на операција. Се се случи поради таа струја. Тој проблем ме прогонува сиот живот. А, толку сакав да биде се во ред. Да се одомаќинам, да создадам семејство. Но, како да ја оставам сама жената што ме родила. Се што сакам е да ми помогнат да приклучам струја и да си ја доправам куќата. Таа е последната желба и на мојата стара мајка-ќе заврши Илчо.

Во животот забораваме да ставиме граница. До каде и на кого можеме да допуштаме за сметка на упропостување на нашиот живот. Треба да кренеме глава и кажеме доста на луѓето кои не празнат духовно, емоционално, ментално и финансиски. Можеби треба да направиме селекција за пријателите и да ја затвориме вратата за оние кои лошо се однесуваат со нас. Зашто во животот важни ни се само оние кои можат да не слушнат кога молчиме додека срцето ни се кине.

Доколку скате да помогнете на семесјтвото на Илчо тоа можете да го направите на неговиот телефонски број 078264590 или на неговата жиро сметка 200002841219038/Извор Срце На Дланка