Манпрет Синг е уникатен човек. Со само 27 години, Манпрет е висок само 59 сантиметри и тежок само девет килограми.

Роден 1995 година, денес изгледа речиси исто како тогаш

Овој млад Индиец од Пенџаб дојде на овој свет со многу ретка состојба која му го запре растот на 6-месечна возраст, правејќи го да изгледа како 2-годишно бебе.

Неговото семејство немало пари да му постави дијагноза

Изненадувачки, за разлика од многу други лица со физички предизвик во Индија, Манпрет се смета за бог и го обожаваат селаните. Луѓето доаѓаат од сите страни за да го сретнат, дури и да го допрат, мислејќи дека тој е реинкарнација на хинду бог.

Семејството на Менпрет има многу сиромашно потекло и никогаш не можело да си дозволи да му биде дијагностицирана состојбата, со што е тешко да се утврди и неговата точна состојба. Но, со оглед на неговата градба, големи раце, големи стапала и полабава кожа, веројатно овој Индиец боледува од Ларонов синдром.

Дури ни ментално не се развил

Луѓето кои страдаат од оваа ретка генетска болест не можат да произведуваат хормони за раст. Лекарите од целиот свет ја дадоа истата дијагноза од далеку, откако слушнаа како другите зборуваат за случајот на Манпрет.

Покрај физичките ефекти, неговата состојба го спречи Менпрет да се развие психички. 27-годишниот млад човек се уште има ментална возраст на бебе и не може да зборува и да комуницира само преку врескање и плачење.

Затоа, на тетка му и вујко му останува да се грижат за него како свое дете.

Жена блиц