Ќе размисли дали некогаш повторно ќе спие со својот миленик

Фризерката Гара Саливан од американската сојузна држава Кентаки доби бесплатна фризура, а фризер во овој случај беше нејзиниот четириножен миленик, кучето Дикси.

Имено, 29-годишната девојка го прослави Денот на благодарноста и испи уште неколку чаши, па по прославата реши да си игра со Дикси на подот.

Меѓутоа, Гара во еден момент заспала на подот, а Дикси и ги одгризала шишките додека спиела.

Кога се разбуди, имаше што да види. Косата и беше „изедена“, а прамените до неа на подот.

Откако ги сподели фотографиите на социјалните мрежи, корисниците се пошегуваа дека Дикси сакала да си направи перика бидејќи нема сопствено крзно.

„Заспав на подот до неа, а кога се разбудив отидов во тоалет и прво видов нови шишки“, изјави Гара.

За среќа, Дикси не и ја изел косата, туку ја оставила на подот, а нејзината сопственичка во иднина ќе размисли дали сака да спие покрај својот миленик кој многу го бива во гризење.