За многу работи во животот и настаните уште од старо време се знае што е убаво, соодветно и пристојно. Што се носи во која ситуација, а што е големо „Не!“. Модата се менуваше со текот на годините и донесе нови трендови, смела облека, на работ на пристојноста. Така, често можевме да видиме повеќе од потребното на црвениот тепих со познати дами. Но, не на други места, како на пример во црвот.
Меѓутоа, една невеста решила да ги помести тие граници кога на сопствената свадба се појавила во провокативна венчаница во црква во Темишвар. Романската венчавка го привлече вниманието на корисниците на Интернет и предизвика спротивставени коментари. Невестата со својата венчаница шармираше некои, а многумина тврдат дека овој храбар изглед сепак е „премногу“. Имено, невестата облекла венчаница со многу длабок шлиц, каде што видно ги истакнала нозете. А предниот дел беше дискутабилен. Имено, голем исечок на градите за ваков свечен чин, според коментарите на некои, бил непримерен.
„Каква невеста! Убава е, тоа е одлично за мене“, напиша една госпоѓа на романски.
Видеото од Темишвар веќе собра стотици илјади лајкови. На видеото можете да видите како невестата малку се покрила при влегувањето во црквата, но според TikTokers тоа не било доволно.
„Каде одиш во црква така, со боси нозе“, „Не е соодветно, изгледа воопшто не носи долна облека“, беа дел од останатите коментари.
Извор: mondo.rs
