Сцената од улиците на Суботица ги шокираше и згрози сите кои имаа можност да ја видат оваа непријатна глетка, а фотографиите набрзо се проширија на социјалните мрежи.




Имено, бабата го шетала својот внук на синџир кој му бил врзан околу вратот! Додека суботчани масовно ги споделуваа овие фотографии, бабата чекореше како најнормално да водиш дете на синџир.




Според Суботике.рс, жената наводно е од Будимпешта и продава на саемот кој моментално се одржува во Суботица.Таа тврди дека на негово барање си играла со внукот и дека тој самиот и го врзал синџирот околу вратот.
Жената не сакала да се претстави, но мајката на момчето ги потврдила зборовите на нејзината мајка. Изјавите на бабата ги потврдија и блиските продавачи.




Дури и ако наводите на оваа баба се точни и тоа е само „игра“ на која инсистирал нејзиниот внук, може да стане многу опасно и непредвидливо, за што момчето на сликата секако не е свесно.
Момчето може случајно да се сопне и да падне и играта да тргне наопаку…




Во коментарите луѓето ја осудија оваа постапка на бабата, но и мајката.
#Subotica me ponekad baš razočara.
Sram bilo gospođu! pic.twitter.com/S9M28uYkSJ— DJ_CallMeTheFixer (@CallMeTheFixer) August 26, 2022
Кој е вашиот коментар ДАЛИ ГО ОПРААВДУВАТЕ ОВАЈ НАЧИН НА ИГРА?
