Македонската музичка сцена и тоа како има потреба од нови имиња кои ќе ја освежат и ќе создадат нешто ново и поинакво од она што сме навикнати да слушаме и гледаме веќе со години.

На македонската поп естрада постојано се појавуваат нови, млади артисти кои носат нов и модерен звук, а токму еден таков артист е младата пејачка Маша.

Ако се прашувате од каде ова специфично име, одговорот е дека Маша е Русинка која веќе неколку години живее во нашата земја.

Неодамна таа сними песна на македонски јазик со наслов „Дали ти ќе дознаеш“, на која како автор на музиката се потпишува Панче Касапски, односно текст на Огнен Неделковски, а пак аранжманот и миксот се дело на Лазар Цветковски.