Зашеметени капачи на плажа во Флорида со неверување гледале како огромен алигатор од 365 сантиметри излегува од водата и лежерно шета по плажата.

Огромниот влекач бил забележан во Делреј Бич, а контролата на животните одговорила на повиците од повеќе луѓе и безбедно го евакуирала во дивината.

Иако можат да толерираат солена вода за кратко време, алигаторите многу претпочитаат свежа вода.

Беше лудо. Само што отидов на плажа што е моја секојдневна рутина и ја видов гужвата. Мислев дека ќе биде мала ајкула или нешто слично. Се обидував да сфатам од каде доаѓа. Сигурно бил далеку, но најверојатно дошол од Бојнтон Инлет и се изгубил – изјавил еден сведок за локалните медиуми.

Флорида, која е полна со слатководни езера и мочуришта, е совршена средина за алигаторите. Кога ураганот Иан ечеше низ областа, беа забележани алигатори како шетаат по поплавените улици.

Еден од џиновските влекачи се појави за време на репортажата на телевизијата NBC кога репортерот Џеси Кирш го забележа предаторот додека известуваше за бурата во Орландо во петокот.

– Секогаш кога покриваме поплави, секогаш се трудиме да нагласиме дека не треба да влегувате во водата. Ова е добра причина зошто не треба да го правите тоа. И не знам дали е истиот алигатор што лежеше во дворот кај нас – рече репортерот при вклучувањето.

Видеото погледнете го ТУКА