Кинеските инженери претставија прототип на супербрз магнетски воз, кој користи експериментална технологија на високо-температурен суперпроводник (ВТС). Дизајнери на возови од Универзитетот Југозападен iaиаотонг тврдат дека возот ќе може да достигне брзина од 620 километри на час.

Возот беше тестиран минатата недела, на полигон во должина од 165 метри. Ова е прва комерцијална примена на високо-температурни суперпроводници, за кои не е потребен технички сложен и скап процес на ладење на екстремно ниски температури со помош на течен хелиум.

Како и другите возови што лебдат над шините со помош на магнетно поле – возови маглев – овој прототип левитира над патеката за да доживее што е можно помалку триење.