Шокираните родители рекоа дека никогаш не слушнале дека лекарите повредиле бебе во текот на оваа постапка и побараа од персоналот да преземе одговорност за она што го направија
„Кога го видов лицето на моето бебе, плачев“: Ја испратија на итен царски рез, а потоа се случи нешто што медицината не го памети

Реазјана Вилијамс, бремена жена од Денвер, Колорадо, сакала да се породи по природен пат, но кога пристигнала во болница, работите станале доста комплицирани.

Лекарите и рекле дека не можат да го најдат отчукувањето на срцето на бебето и дека итно треба да се направи царски рез. Тие, исто така, рекоа дека бебето се свртело во пределот на стомакот, а нејзиното лице било близу до ѕидот на плацентата, што не го знаеле однапред, па ја повредиле за време на царски рез.

Малата Кијана се роди со големо сечење на лицето и на тој начин „заработи“ 13 конци.

Шокираните родители рекоа дека никогаш не слушнале дека лекарите го повредиле бебето за време на оваа постапка и побараа од персоналот да преземе одговорност за она што го направија. Додека ја споделуваа приказната на социјалните мрежи, се појавија и некои медицински сестри и објаснија дека се случуваат такви работи, но многу ретко, пренесува „Здравје“.