Студените денови кои доаѓаат за некои од нас значат и отворање на сезоната на спиење во чорапи. Има спротивставени мислења – некои сметаат дека овој потег е лош за циркулацијата, додека новото истражување го покажува – спротивното.

Мар де Карло, експерт за спиење, верува дека има неколку придобивки од спиењето во чорапи во текот на зимата. Чорапите можат да им помогнат на луѓето да заспијат побрзо и да спијат подолго поради процесот наречен дистална вазодилатација, пишува N1.

Некои истражувања дошле до заклучок дека носењето чорапи во текот на ноќта додека спиеме го зголемува протокот и циркулацијата на крвта во овој дел од телото.

Едно истражување кое опфатило помал број испитаници покажало дека оние кои носеле чорапи заспале околу 7,5 минути побрзо, спиеле 32 минути подолго и се буделе 7,5 пати помалку во текот на ноќта од оние кои спиеле боси.

„Пониските температури на телото се поврзани со поспаност, а доказите сугерираат дека користењето чорапи или други методи за загревање на стапалата може да ја намали телесната температура и да ни помогне да заспиеме побрзо“, велат експертите.