Фотографијата од плажата во Улцињ е доказ дека човечката снаодливост нема граници
Сезоната на одмори се уште е во полн ек, па сите сè уште не опсипуваат со фотографии од плажа. Многу туристи го посетија и црногорското приморје, каде што сите ги привлече цените на лежалките и чадорите.
Цените се движеа од 20 до дури 100 евра на одредени плажи. Сепак, некој не обрна внимание на тие цени.
Една фотографија докажува дека во животот треба да бидете снаодливи, а цените нема да бидат пречка за уживање.
На социјалните мрежи кружи урнебесна фотографија која го докажува тоа. На постот пишува дека е создаден во Улцињ, а на него се гледаат двајца мажи. Еден од нив лежи на лежалка, додека другиот си направил место под лежалката.
Не му е жешко, ниту е на сонце, а се снајде бесплатно.
Фотографијата е објавена на популарната страница на Инстаграм „Подгорички времеплов“ со интересен коментар „Заштеда“, и собра бројни коментари и лајкови.

