Декември е, па може да го почувствувате празничниот дух. Нема подобар начин за тоа од уживање на каучот гледајќи добар филм.
Популарната платформа „Нетфликс“ нуди богата празнична содржина, но поголемиот дел од овие филмови и серии се скриени, а вам ви се понудени само некои опции врз основа на она што сте го гледале претходно. За среќа, има начин како да ги видите овие филмови, а тоа е преку кодовите што ќе го направат пребарувањето полесно.
Платформата ги категоризира сите жанрови по кодови, а сè што треба да направите е да го внесете вашиот код во URL-адресата веднаш по овој дел: http://www.netflix.com/browse/genre/.
Овие кодови функционираат само на веб-страницата на „Нетфликс“, а не и за телефоните и телевизорите. Во продолжение следува листа со празнични жанрови со соодветните кодови.
Британски божиќни детски и семејни филмови – 1527064,Канадски божиќни детски и семејни филмови – 1721544,Божиќни детски и семејни филмови – 1474017,Божиќни филмови за деца од 5 до 7 години – 1477201,Божиќни филмови за деца од 8 до 10 години – 1477204,Божиќни филмови за деца од 11 до 12 години – 1477206,Божиќни детски и семејни филмови од 90-тите години – 1476024,Европски божиќни детски и семејни филмови – 1527063,Позитивни божиќни детски и семејни филмови – 1475066, Смешни божиќни детски и семејни филмови – 1475071, Романтични божиќни филмови – 1394527
Автор: Џејкоб Стулворти
Извор: independent.co.uk
