Експертите открија и како треба да се пакува

Свежо купеното мелено месо може да стои во фрижидер еден ден, најмногу два, па доколку не планирате да го користите во тој период, најдобро би било да го ставите во замрзнувач. Но, дали може да остане таму долго време?

Губењето на влагата е една од главните причини зошто меленото месо го губи вкусот по долго седење, според американското Министерство за земјоделство (USDA), дури и ако е во замрзнувач, што значи дека не може да остане таму засекогаш.

Доколку е термички обработен и правилно складиран, може да се замрзне 2 до 3 месеци и вкусот нема толку да се промени бидејќи дел од влагата веќе е изгубена при готвењето.

Суровото мелено месо може да се чува во замрзнувач три до четири месеци.

Секако важно е и како се подготвува. Може да остане во оригиналното пакување до 2 недели, а доколку планирате да го чувате подолго од тоа, би било добро пакувањето да го завиткате во фолија или да го ставите во кеса за замрзнување.

Добро е, известува Денот на жената , да го напишете датумот ако е само во пластична кеса за да можете да се потсетите кога е валиден.