Кога Рајан Филипс и неговата свршеница Мелори Шерман го спасиле нивното прво теле, Џена, не ни помислувале дека всушност посвојуваат „големо дете“.




Телето старо три дена набрзо станало здрава крава тешка 450 килограми – но сепак се однесува како мало дете, барајќи долги прегратки секој ден, пренесува index.hr.




Џена е неплодна и не може да произведува млеко, па млечната индустрија немаше корист од неа. Но, основачот на Животинско засолниште на фармата „Живот со свињи“, Рајан знае дека таа е посебна.




„Џена секогаш беше жива како и денес. Затоа што поминував 24 часа на ден со неа… Таа мисли дека може да направи што сака со мене“, изјави Рајан за The Dodo.




Ако не поминуваат доволно време со неа, таа им дава до знаење. „Ќе не најде на кој било прозорец во куќата и ќе разговара со нас бескрајно додека не излеземе, не ја прегрнеме или не трчаме низ дворот“, рече Филипс.




Џена е навикната на долги прегратки со Рајан уште од теле и одбива да се откаже од нив иако е прилично поголема од него.
„Една од нејзините омилени работи би била да ја стави главата на мојата нога и да ме турка додека јас ги обвивам рацете околу нејзиниот врат и ја галам.




Тоа е нејзиниот начин на гушкање. Понекогаш се потребни 20 минути“, изјави Рајан. Џена можеби е прилично напорна, но на нејзините сопственици не им пречи. „За среќа, таа е толку симпатична што секогаш со задоволство попуштаме на нејзините барања“, заклучува Рајан.
