Јутјуберот Стефан Лазаров вели дека во изминатите денови од различни луѓе добил информации дека дваесетина случаи во емисијата Срце на дланка што се емитува на Алфа ТВ биле измами.

Лазаров не тврди дека емисијата прави некои нелегални работи, но како новинари, но смета дека тие мораат да ги истражат првенствено случаите кои ги објавуваат.

Во неговото најново видео Стефан објавува уште еден случај за кој тврди дека станува збор за измама. Лазаров вели дека е срамно и очајно што екипата на „Срце на дланка“ не го проверила и овој случај кој според него, е многу пострашен од случајот со Тале. Тој воедно ги повикува институциите да се заинтересираат и да ја истражат целата работа.

Станува збор за животна сторија емитувана во емисијата Срце на дланка“ во која се појавува Цене Маџуни, жена која живее во населбата Точила во Прилеп.

Според информациите на Лазаров, кој тврди дека му се точни и проверени, Цена Маџуни лажно тврдела во емисијата дека има болен син кој се лекувал во Хрватска, со што ги измамила граѓаните да и донираат средства.

Кој е всушност Далибор, за кој во емисијата Срце на дланка се тврди дека е син на Цене, и наводно бил во кома во болница во Хрватска?

Погледнете што откри Стефан Лазаров: