Пејачката откри зошто не можела да се реализира како мајка




Пејачката Лепа Лукиќ зад себе има повеќедецениска кариера исполнета со бројни хитови кои се слушаат и денес, а нејзиниот приватен живот е доста бурен.




Ја обожаваа сите што ја познаваа подобро – дури и оние од другата страна на законот.




Иако со децении е присутна на нашата јавна сцена, таа подолго време крие одредени детали од приватниот живот, а некои од нив дури неодамна се појавија во јавноста.




Иако никогаш не криела дека не се реализирала како мајка, Лепа Лукиќ никогаш не сакала јавно да проговори за деталите на оваа болна тема. Сепак, на ова најинтимно прашање што може да и се постави на една жена, таа реши да даде одговор, па собра сили и само еднаш проговори за медиумите за проблемите со кои се соочува и зошто и е ускратено мајчинството:




Абортирав на 24 години и после тоа имав две ектопични бремености! Затоа не можев повеќе да забременам и толку. Се помирив со судбината. Имам мачка на која гледам како да е ќерка ми, ја карам и многу ја сакам – изјавила во една прилика Лепа Лукиќ.
