Вирусот КОВИД-19 не штеди никого, вклучително и оние за кои смета дека можеби се најбезбедни.
Таков беше и случајот со премиерот на африканската земја Есватини(Свазиленд), Амброус Дламини, кој не успеа да му избега коронавирусот. Тој стана првиот светски лидер на функција кој умрел од оваа болест.

Дламини почина 4 недели откако беше заразен со КОВИД-19 додека беше префрлен за хоспитализација во Јужна Африка. Тој беше премиер на Есватини или Свазиленд од октомври 2018 година.
Многу светски лидери и истакнати личности починаа од КОВИД-19, но не додека беа на функцијата, а Дламини, со својата смрт на 52-годишна возраст, го остави празно премиерското место во Есватини.
Pogled.mk
