Во интервју за Јутуб каналот Веритасиум, коосновачот на Мајкрософт, рече дека има две главни закани за светот, климатските промени и биотероризмот.

Американскиот милијардер и филантроп Бил Гејтс, по бројните критики поради предлогот за формирање глобален систем за спречување на нови пандемии, зборуваше за главните закани по човештвото по искоренувањето на вирусот корона.

Во интервју за Јутуб каналот Веритасиум, коосновачот на Мајкрософт, рече дека има две главни закани: климатските промени и биотероризмот.

Едната од нив се климатските промени. Секоја година ќе имаме поголем број на смртни случаи поради нив отколку што имавме во оваа пандемија, рече Гејтс.

Според него, постои друга закана за која никој не сака да зборува.

Некој што сака да предизвика штета може да направи вирус, а тоа значи дека постои можност да бидеме заразени со него повеќе отколку со природно предизвикана епидемија каква што е сегашната, рече тој.

Милијардерот истакна дека во иднина ќе има повеќе пандемии, бидејќи луѓето комуницираат со другите видови, а вирусите ја преминуваат бариерата меѓу видовите. Тој спомена дека луѓето треба да бидат поподготвени за никогаш повеќе да немаме број на мртви како што е сега.

Гејтс неодамна предупреди дека светот не е подготвен за следната пандемија, која според него може да биде десет пати полоша од сегашната, која веќе однесе повеќе од 2,2 милиони животи на луѓе ширум светот и предизвика огромна економска криза.