Иако овошјето и зеленчукот се сметаат за основа на здравата исхрана, најновото истражување укажува на вознемирувачка вистина – одредени намирници што секојдневно ги консумираме можат да содржат високо ниво на пестициди, дури и по миење.
Според најновиот извештај на американската организација Environmental Working Group (EWG), познат како листата „Валкана дванаесетка“ (Dirty Dozen), следните намирници се најзагадени со пестициди:
-
Јагоди
-
Спанаќ
-
Кељ
-
Праски
-
Круши
-
Нектарини
-
Јаболка
-
Грозје
-
Пиперки (бабури)
-
Цреши
-
Боровинки
-
Зелена салата
Истражувањето е спроведено со анализа на илјадници примероци од супермаркети.
Откриено е дека повеќе од 90% од примероците на јагоди, јаболка, цреши, спанаќ и грозје содржат остатоци од најмалку два или повеќе пестициди. Во некои случаи биле пронајдени дури и до 23 различни хемикалии во еден примерок!
Пестицидите се хемикалии што се користат за заштита на културите од штетници, но многу од нив се поврзани со хормонални пореметувања, проблеми со плодноста, па дури и некои видови рак. Децата и бремените жени се особено чувствителни групи.
🔸 Купувајте органски производи кога е можно, особено кога станува збор за овошје и зеленчук.
🔸 Темелно мијте и лупете ги производите, иако тоа не ги отстранува сите остатоци.
🔸 Избирајте намирници од листата „Чиста петнаесетка“ – овошје и зеленчук со најмалку пестициди (на пр., авокадо, шеќерна пченка, ананас, манго…).
Здравата исхрана значи и информирани избори. Не мора сè да биде органско – но кога знаете кои намирници се најризични, полесно е да се заштитите себеси и вашите најблиски.
