Марина Ѓорѓевиќ од Велика Плана на апликацијата „Гугл мапс“ барала локација во својот град, но кога го видела видеото снимено од сателитот останала шокирана!




Марина тврди дека Гугл го „уловил“ нејзиниот покоен татко како во автомобил по улицата што ја барала.
– Татко ми почина пред две години и буквално се воодушевив кога видов дека Google Maps го сними во 2014 година во неговата „сина птица“. Така ја нарече својата „Форд Фиеста“ – ја започнува приказната Марина.




Таа вели дека ја преплавиле емоции кога го видела автомобилот на нејзиниот татко како „вози“ низ Плана бидејќи ја потсетил колку татко и го сакал тој автомобил и колку спомени има од него.




– Го сакаше тој автомобил. Затоа ја нарече „официјална сина птица“. Тоа значеше дека тој може да го користи за да оди на риболов, во викендичка, на сите оние места помалку достапни за поновиот автомобил што го имаше. Возел службено возило бидејќи бил началник на фарма на место на 50-ина километри од Велика Плана, па секојдневно патувал – вели Марина.




Меѓутоа, оваа стара „фиеста“ имала посебно место во животот на таткото на Марина, бидејќи тој дури ја користел за транспорт на материјалот за викендичките.




-Таа кола превезуваше и залихи за овоштарникот. Тоа беше буквално малата мобилна работилница на татко ми – заклучила Марина.




Така девојката од Велика Плана, која во 2021 година го загуби татко и, успеа благодарение на Гугл барем за момент да буди спомени и да се потсети како изгледало секојдневието на нивното семејство.
