Миланка Љубичиќ, мајката на исчезнатата Ана Волш, откри дека нејзината ќерка и нејзиниот сопруг Брајан во последно време биле во многу лоши односи.

Таа во својата последна изјава раскажа досега непознати детали за односот на нејзината ќерка со сопругот. Таа изјави дека Ана планиралa да се разведе од Брајан, бидејќи повеќе не можела да го финансира, но и дека главниот проблем во нивниот брак била Дајана Волш, мајката на Брајан. Миланка полека ја губи надежта дека ќерка и е жива.

„Мојата ќерка сакаше да се разведе од Брајан, таа повеќе не можеше да ги финансира адвокатите на Брајан и него. Не сакаше повеќе да го финансира животот на Брајан, и се гадеше од тоа“, рекла Миланка.

Таа вели дека најголемиот проблем меѓу Ана и Брајан била неговата мајка Дијана.

„Брајан и кажа на Ана дека мајка му зборувала против неа“. „Не еднаш рече дека не му треба“, изјави мајката на Ана. Таа наведува и дека Дијана постојано му пренесувала на синот дека Ана го финансира.

„Мојот покоен сопруг ѝ рече: Ана, пази се со таа жена, таа не ти посакува добро“, рече таа.

„Ана ми кажа дека Брајан не и дозволил да ги земе децата, бидејќи во тој случај ќе мора да оди во затвор до крајот на постапката, но во ноември ми кажа дека е видно уморен околу децата“, изјави мајка на белграѓанката.

Да потсетиме, случајот со исчезнувањето на Ана Волш ја крена на нозе и српската и американската јавност. Започна прво како исчезнување, но многу брзо се претвори во истрага за убиство.

Ана Волш исчезнала на 1 јануари годинава, а потрагата започнала само неколку дена подоцна, кога нејзиниот работодавец го пријавил нејзиното исчезнување во полиција. На самиот почеток на истрагата, сопругот на Ана од Белград беше приведен поради попречување на истрагата, а потоа многу брзо се соочи со многу тешки обвиненија, за убиство на сопругата.