Министерството за здравство соопшти дека смртноста од Ковид-19 оваа недела е намалена за 10 отсто во однос на изминатата недела.
„Пријавени се 184 смртни случаи од 25 града, со намалување од 10,7% во однос претходната недела на известување“, се вели во соопштението на министерството.
Во однос на возраста, 158 лица биле над 60 години, 20 лица на возраст од 50-59 години, 5 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и еден случај во возрасната група од 30-39 години.
Тестирањето во број од 17.456 материјали во лабораториите бележо намалување од 7,0 отсто во однос на минатата недела.
Регистрирани сe 6.463 нови позитивни случаи од 35 градови во државата што е намалување од 4,2 проценти во однос на минатата недела.
