На социјалните мрежи забрзано се шири емотивна фотографија од Азербејџанец кој го натовари својот стар дотраен автомобил со работи и тргна да им помогне на луѓето погодени од земјотресот во Турција.




Првата земја која и пријде на помош на Турција е Азербејџан од каде тргнаа спасувачките екипи, а луѓето се организираа и почнаа да испраќаат помош. Еден од нив е и Сервер Беширли, кој со својот брат наполнил стар автомобил со работи и од својата трошна куќа во Баку се упатил кон Турција.




„И ние ја доживеавме оваа катастрофа. Имаше жени без облека и обувки. И ние го доживеавме тој период, го знаеме тоа чувство. Не помагавме само ние, туку помагаат и другите Азербејџанци, дури и оние што живеат во други земји.

„Бев сведок на ситуација кога една девојка дојде, го соблече палтото и го даде во добротворни цели“, рече Беширли.




Неговиот благороден чин трогна многу луѓе, особено откако ги дозна условите во кои и самиот живее, а многумина коментираа дека секогаш најмногу му даваат поддршка на оние кои имаат најмалку.




Фотографијата стана симбол на солидарност и заедништво, а само на Твитер е прегледана три милиони пати и споделена речиси 2.000 пати, со што е соборен рекордот за споделување на социјалните мрежи.
