Во втората половина од септември се очекува зачестено влијание на циклоните.
По неколкуте исцрпувачки топлотни бранови и натпросечните температури на воздухот, метеоролозите најавија дека кон крајот на првата недела во септември и во текот на втората недела ќе има промена која носи заладување и врнежи.
– Највисоките вредности до 6 септември ќе бидат од 31 до 36 степени, поради што ќе важи „жолтото“ и „портокалово“ метео предупредување, а потоа се очекува помал пад на температурите, но ќе уште топло, од 26 до 32 Целзиусови степени. Од 5 до 10 септември заедно со локален развој на облачност ќе има услови за краткотраен дожд пропратен со грмежи.
Во втората половина од септември се очекува зачестено влијание на циклони кои ќе се генерираат во западниот Медитеран и кои ќе предизвикаат обилни врнежи пред се на брегот на Јадранот, како и на западниот дел од регионот (Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина), додека во централните и источните делови на Балканскиот полуостров, количината на врнежи ќе биде помала со услови за засилен југоисточен ветер.
– Во текот на септември се предвидуваат 20-тина летни денови во пониските предели со температура над 25 Целзиусови степени. Просечните вредности на максималната температура ќе бидат од 25 до 27 Целзиусови степени, што претставува отстапување од +2 степени во однос на референтниот период 1991 – 2020 година.