Пред десет години, сите со нетрпение ја очекувавме следната епизода на Сулејман Величествениот, а ликот на Зумбул АГА остави силен впечаток кај повеќето од нас.




Актерот Селим Бајрактар го толкуваше ликот на Зумбул во серијата Сулејман Величествениот. Првично, овој лик беше планиран да „живее“ само за неколку епизоди, но тој толку добро го играше овој лик што продолжи да „живее“ до самиот крај на серијата.
Понекогаш хумористичен, но пред се праведен Зумбул-ага ја имаше незавидната положба на миротворец меѓу двете султанија.




Допадлив, Зумбул-ага беше миленик на многу гледачи на оваа серија. Но и во приватниот живот овој актер е голем миленик на жените .




Имено, Селим Бајрактар денес има 47 години и изгледа неверојатно: многу внимава на својот физички изглед – нема спорт што не го игра, и се за да остане во добра форма.
Неговата природно седа коса му додава на неговиот голем шарм. Овој актер е роден во Ирак, а по 13 години со семејството побегнал во Турција.




Долго време играше споредни улоги во театарот, а зад камерите се најде дури во 2009 година и благодарение на улогата на Зумбул-ага стекна слава каква што не можеше ни да замисли пред серијата.

