Популарниот српски пејач Дарко Лазиќ по десет години повторно е возач, но со законска возачка дозвола.




Во 2013 година трајно му беше одземена патната исправа поради неколку сообраќајни прекршоци што ги направил тогаш, но сега нашол решение и се пријавил во странство. Во тоа му помогнал менаџерот.




Имено, тој посетувал автошкола во Чешка и официјално добил документ дека е способен да вози моторно возило.




Веднаш купил автомобил. Машината за која станува збор е BMW X5 чија цена со комплетна опрема, кога се во прашање половни автомобили, се движи до 50.000 евра.




– Единствената желба на Дарко во последните години беше да ја регулира возачката дозвола. Конечно го реши. Најголем дел од прекршоците што му ги напишале припадниците на МУП се за брзо возење и возење без возачка дозвола, кои се меѓу највисоките казни кога е во прашање сообраќајот.




Во помал процент ги има и за непрописно паркирање, а има дури и една што ја добил затоа што не сакал да открие кој го возел автомобилот регистриран на негово име, кој поминал на црвено светло на семафор. Дарко возел во неколку наврати и возел нерегистрирано и без соодветна дозвола – вели изворот.




Го контактиравме директорот на Комитетот за безбедност во сообраќајот Дамир Окановиќ и го прашавме дали е легален потегот на Дарко да добие возачка дозвола во странство.




– Граѓанин на Србија со престој во Србија има право да управува со возило со возачка дозвола издадена во странска држава доколку истата таа држава ни ги признава возачките дозволи. Но, тоа право истекува по дванаесет месеци од денот на влегувањето на нашата територија.




Во тој период, лицето има можност да ја замени странската возачка дозвола за домашна, доколку истата постапка е можна во таа земја за лице кое положело возачки испит во Србија. На таков човек не може да му се изречат казнени поени, бидејќи тоа може да се направи само на некој што има српска возачка дозвола, но може да му се изрече забрана за возење на територијата на Србија – објасни експертот.
