Сведоци сме дека луѓето се почесто бираат необични имиња за своите деца




Во врска со ова, една од корисниците на социјалната мрежа Редит побарала мислење од јавноста, откако сфатила дека името на детето на нејзината сестра не ја потсетува на ништо помалку од бактерија.




И покрај тоа што беше исфрлена од семејна забава откако ја расплака својата сестра, таа не се чувствува како да направила нешто лошо.




“Имам помлада сестра Ела. Таа се омажи за Сем минатата година, а минатата недела и беше роденден. Знаев дека ќе ги објави полот и името на бебето, но мајката на Сем организираше тоа да биде изненадување”, објаснила таа.




Таа додала дека се било многу возбудливо, но дека во еден момент нејзината сестра извадила боди со името на Самнела.




„Извинете, тоа е салмонела, односно труење со храна“, изјавила таа и објаснила дека веднаш ја напуштила забавата. Посебно беше шокантно што луѓето реагираа позитивно и тврдеа дека им се допаѓа името. Таа верува дека сето тоа било зафрканција.
