Поканата била испратена два месеци пред свадбата, но кога дошол денот на венчавката сфатила дека се појавил само еден колега




Една Кинеска поканила 70 свои колеги на својата свадба, но била толку разочарана кога се појавил само еден од нив што на крајот ја напуштила работата.




Како што пишуваат кинеските медиуми, таа најпрво сакала да им даде покани на третина од вработените во нејзината компанија, но била загрижена дека останатите ќе се налутат. На крајот сите 70 добија плик.




Поканата била испратена два месеци пред свадбата, но кога дошол денот на венчавката сфатила дека се појавил само еден колега, а тоа бил нејзиниот ментор. Згора на тоа, таа морала да фрли огромна количина храна за шест маси кои никогаш не биле наполнети.




Наводно била толку понижена пред семејството што од срам ја напуштила работата следниот ден.
Дали СМЕТАТЕ ДЕКА НАПРАВИЛА ПРАВИЛЕН ПОТЕГ ИЛИ НЕ? ПИШЕТЕ НИ ВО КОМЕНТАР!
