Откако го гледав филмот „Бегство од Шошенк“ во 1994 година, решив да направам нешто околу тоа, па почнав да копам дупка под креветот во правец на пабот.




Водоинсталатер од Ирска, верувале или не, ископал тунел од неговата спална соба до локален паб на 800 метри од неговата куќа.
Му биле потребни цели 15 години, а на оваа идеја дошол откако го гледал филмот „Бегство од Шошенк“. Причина – неговата сопруга ‘рчи неописливо.




– Мојата сопруга има проблеми со ‘рчењето. Откако го гледав „Бегство од Шошенк“ во 1994 година, решив да направам нешто околу тоа, па почнав да копам дупка под креветот во правец на пабот.
Користев секакви алатки, од кофи до дупчалки за тунели, кои успеав да ги навлезам во дупката кога сопругата беше на шопинг. Дури во 2009 година успеав да стигнам на другата страна, до женскиот тоалет и просторијата за складирање – изјавила Петси за Тајрон Трибулации.




Секоја вечер во последните пет години, Петси одел во пабот во 11 часот навечер и се враќал во еден по полноќ.
Неговата сопруга немала поим што прави нејзиниот сопруг и каде оди кога таа ќе легнела.




– Да бидам искрен, мило ми е што ме фатија. Мојата сопруга отсекогаш чувствуваше дека мирисам на алкохол наутро , а јас и кажав дека тоа е мојот природен мирис. Беше само прашање на време кога некој ќе ме фати. Сопственичката на пабот секогаш се прашуваше како секогаш доаѓам од никаде во исто време, а како исчезнувам од женскиот тоалет – рекол Ирецот.




Тунелот бил откриен откако избил проблем со канализацијата , предизвикан од пукната цевка во која Петси случајно удрила додека копал дупка.
Дали мислите дека човекот е во право да си го надје СПАСОТ ОД НЕГОВАТА СОПРУГА ДОДЕКА РЧИ?
