На интернет форумите наидовме на приказната за една млада мајка која решила да остане анонимна. Нејзиниот став за работата и мајчинството предизвика лавина коментари и дискусии.




„Веќе не сум таа будала што ќе ги остави бабите да ми ги одгледуваат децата додека на другото јас ги полнам џебовите. Едното дете имаше три години, а другото една година кога се вратив на работа. Колку што јас мразев, си реков и на сите други луѓе – Мора да заработиш пари.




Работев за минимална плата, а дополнително добивав некој бонус во месеците кога вложив дополнителен труд и работа. Класичната работа од 9 до 5 ми ја исцрпи целата енергија, а кога ќе се вратам дома ме чекаат две мали лица кои едвај чекаа да ме видат.




Мајката на мојот сопруг се грижеше за нив и јас бев свесна дека таа не е добар избор да ги одгледувам моите деца, но немавме друг избор. Ги пушташе да прават што сакаат, ги навикна на хистерии кога не добиваа нешто, да ме удираат… Им даваше храна од подот… Правеше се што јас како мајка никогаш не би направи.




Потоа, еден ден само пукнав и реков – Да се биде добра мајка има поголема вредност отколку да се биде добар работник! Времето за кое работев, од 9 до 5, беше доволно време за една „незаинтересирана учителка“ како свекрва ми засекогаш да им го расипе однесувањето на моите деца.




И на крајот само јас ќе останам со проблематични деца и само јас ќе бидам виновен за тоа како се однесуваат. Поминав цела ноќ на компјутер барајќи работа која не бара многу време и која можам да ја работам од дома. Успеав да го направам тоа.




Заработката не беше многу повеќе од она што го добивав до сега, но беше доволно за да живееме нормално. Со задоволство ја напуштив работата и и реков на свекрва ми дека понекогаш може да не посети. Моите деца сега покрај себе го имаат оној што најмногу го сакаат и кој навистина им посакува добро.




Нема учител кој ќе знае да ги воспитува децата подобро од нивната мајка. Децата растат додека да трепнете и многу родители најмногу жалат затоа што пропуштиле голем дел од нивното растење. Ќе заработите, но никогаш нема да го вратите времето што сте го изгубиле со тие мали, невини лица.
Дали се СЛОЖУВАТЕ ? ПИШЕТЕ НИ ВО КОМЕНТАР!
