На ЕП ќе бидеме без еден од главните напаѓачи




Илија Несторовски денеска го оперираше коленото во Рим и ќе треба да биде на рехабилитација поради која ќе го пропушти Европското првенство на кое учествува и Македонија.




Несторовски се повреди на тренинг на Удинезе и денеска направи операција во Рим, а операцијата значи дека тој нема да биде во можност да игра за Македонија на историското ЕП.




Еден од првите кој му упатија порака на Несторовски беше капитенот Горан Пандев кој на Несторовски му порача: „Форца брате мој. Те познавам долги години и убеден сум дека ќе се вратиш посилен“, напиша Пандев на Инстаграм профилот.

