Натпреварот за најдолг бакнеж денеска ќе се одржи по петнаесетти пат во Врњачка Бања на познатиот Мост на љубовта во организација на Туристичката организација на Врњачка Бања.




Ова е петнаесетта година по ред како вљубени парови од сите градови на Србија симболично се собираат на Мостот на љубовта во Врњачка Бања и ја слават својата љубов. Рекордот за најдолг бакнеж го држи пар од Крушевац, Ирена Алурац и Ѓорѓе Божиќ. Во 2015 година без престан се бакнуваа 101 минута.




Но, оваа година најверојатно ќе биде соборен уште еден рекорд. На натпреварот за најдолг бакнеж се пријавија и Нада Дуњиќ (90) и Драгољуб Манџукиќ (93) , кои дефинитивно ќе ја добијат наградата како најстар пар на оваа манифестација. Ги пријавила сестрата на Нада, бидејќи како што вели постојано разменуваат нежности и им е место во конкуренцијата.




Нада беше неостварената љубов на Драгољуб од младоста. Како што вели, се заљубил во неа кон крајот на 40-тите, но нивните патишта се разделиле. Но, не можете да избегате од судбината. Двајцата создадоа семејства, Нада во Швајцарија и Драгољуб во Трстеник.




Пред три години повторно се сретнаа. Тој беше вдовец, а таа вдовица. „Се враќам од овие гробишта, нови, а таа стои таму во еден агол и реков: „Многу го сакав ова малечко“. „Го оттурнав со двете раце, му реков: „Кој си ти?“ – низ смеа додала Нада.




Не долго после тоа, тие двајца почнаа да се забавуваат. Се уште не живеат заедно, но редовно посетуваат и си помагаат.




„Го внесувам понекогаш да спие таму. Ми помага, мие садови, носи, ми купува се што ќе му кажам и ќе ми донесе“, рекла Нада и додала: „Ќерка ми е пресреќна што имам со кого да разговарам“. .




А дали ќе ја официјализираат врската и ќе се венчаат, Нада на шега рече: „Па тој би сакал, а јас не. Татко ми ќе ми ја земе пензијата“.




Откриле и дали се подготвени да застанат на линијата за помладите парови.




„Ќе издржиме. Вели дека може, ме болат колковите, но ќе издржам некако“, низ смеа додала Нада.
