Кога станува збор за зајакнување на имунитетот на природен начин, лукот е главната храна што треба да се користи за тие цели.

Одличен е во борбата против разни бактерии, грип и други вируси, но малкумина знаат дека може да се користи кога станува збор за еден од најчестите проблеми со кожата.

Имено, ако добиете херпес на усните, тоа е знак за пад на имунитетот, и во тој случај можете да нанесете лук директно на болната област.

Исчистете едно чешне лук, пресечете го на половина и истријте го местото каде што ви се појави херпесот два до три пати на ден.

Лукот се користи и за дерматолошки цели, и за подобрување на растот на косата, поради што е вообичаена состојка во многу козметички препарати. Исто така е ефикасно во борбата против стареењето, особено ако се користи со мед.

Дури и ако имате проблеми со несоница, лукот може да ви помогне, затоа е многу важно да го вклучите овој моќен природен антибиотик во вашата редовна исхрана.