Никогаш не сте очекувале ваква порака

Машкиот лик има панталони, женскиот фустан – барем така мислевме до неодамна, додека компанијата „Axosoft“ од Аризона не направи кампања која има за цел да ги изедначи половите во одредени машки занимања. Така, во рамките на кампањата открија дека всушност никогаш не станува збор за фустан на женскиот знак за тоалет.

Еден од претставниците на компанијата „Axosoft“ потврди дека фустанот во форма на триаголник на женскиот знак за тоалет, всушност никогаш не претставувал фустан.

Станува збор за наметката, која требаше да каже дека жените можат да бидат суперхерои, пишува The Mirror.

„Во науката, технологијата, уметноста, математиката, политиката, на улиците и во нашите домови, жените често се невидливи, непоканети или едноставно заобиколени. „Девојките и жените кои се заинтересирани за наука, технологија, механика и математика се малцинство“, велат од компанијата.

Нивната кампања „It was never a dress“ има за цел да поттикне разговори за прифаќање жени во која било професија. Не станува збор само за родова еднаквост, туку и за пополнување на големиот недостиг од работни места во повеќе занимања.