Многу често полицијата врши и има право да прави контрола на сообраќајот и на учесниците во него. Тоа значи дека може да се вршат контроли и притоа да ги побара на увид документите на возачот, односно неговата возачка дозвола и сообраќајна дозвола.

Но, што доколку сте ги заборавиле документите дома, или едноставно до другата јакна. Тогаш полицијата ако ви ги побара а вие ги немате со себе, може да се случи да добиете казна. Се зависи од полицаецот, можете да минете и со опомена, но и со казна.

Според Член 317 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, kога управува со моторно возило, возачот е должен кај себе да има важечка возачка дозвола и возачка книшка и истите е должен да ги покаже на барање на полициски службеник.

Законот предвидува мандатен платен налог со глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност во мандатна постапка согласно со одредбите од овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот 1 на овој член.

Вие можете тогаш да изберете, или да платите половина од глобата, значи 50 евра во рок од 8 дена.

За да не дојде до тоа, прво морате да ги носите документите со себе. Тогаш е полесно се.